Намалена казната за Јанакиески, условна за Јанкуловска во случајот Титаник

Намалена казната за Јанакиески, условна за Јанкуловска во случајот Титаник

Апелацискиот суд преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди. На Миле Јанакиески му се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор.



Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.