Цените на бензините од полноќ се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.



Согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата за примена на законот за акцизите за време на вонредна сосотјба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денари за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за половина денар и ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.