Македонската паролимпијка Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво за лица со индалидност што се одржува од 15 до 18 март во норвешкиот град Хамар.
Поранешната олимписка и светска првенка во финалето од дисциплината воздушен пиштол 10 метри оствари резултат од 232,3 поени, победувајќи ја Турчинката Ајсел Озган, со 231,5.
Ова е второ европско злато за најуспешната спортистка со инвалидитет од Македонија по тоа од Данска 2001, со што таа успешно го почна новиот циклус за Параолимписките игри 2024 во Париз.
Химната на Република Македонија во чест на Наковска-Бикова по 42,05 минути од почетокот на видеото:






