Во која друга држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и наркобосови❓
Ова прашање го поставува опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи фотографии од високи државни функционери кои седат на маса со лица за кои партијата тврди дека се во бегство по акцијата на јавната обвинителка Вилма Русковска.
“Целосно фијаско доживеа акцијата ,,Планина”, нарко-босовите му побегнаа, ама затоа заплени дури 100 грама кокаин.
Имаме два дена молк од Спасовски после изјавата на Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата. Акција која замислете беше организирана со месеци.
Спасовски, почитувани, избегнува да одговори на прашањата кој е кртот, и како од акција најавувана со фанфари на собраниската говорница, заврши со заплена на 100 грама кокакин и клучеви од луксузни возила на нарко-босовите.
▫️На социјалните мрежи и интернет портали изминативе два дена се појавија фотографии, на кој јасно може да се види дека токму Спасовски и високи функционери од власта седат на иста маса со нарко босовите кои сега им побегнаа. Заедно на иста маса насмеани министри, градоначалници и нарко-босови и криминалци.
👉Кој им дојави и дозволи на овие криминалци да побегнат❓
👉Дали високи функционери од МВР и од власта стојат позади овој неуспех на акцијата❓
👉Дали заради вмешаност на високи фунционери во државата е причината за неуспехот и на оваа акција❓”, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
На објавените фотографии се претседателот Пендаровски, премиерот Заев, министерот за МВР Спасовски, братот на премиерот Вице Заев и други функционери.






