Во гимназијата „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод годинава матурирале само 11 ученици.



На фотографијата која се споделува на „Твитер“ се гледа дека на матурското табло годинава има повеќе наставници од ученици.

Попрецизно само 11 матуранти и 22 професори кои предаваат во училиштето.

Ова е последица на огромното иселување од една страна и слабите образовни политики од друга страна, кои ги тераат децата уште при запишувањето на средно образование да се иселат од родните градови и среќата да си ја бараат во поразвиените места.

Состојбата на намалување на бројот на учениците во средните училишта е забележлива во секој од помалите градови во Македонија, а не ретко годинава можевме да слушнеме за огромна бројка на ученици испишани од основните училишта, поради иселување на родителите во странство. Антропол