Обвинетиот за тероризам во процесот за 27 април Богдан Илиевски вчера расплака многумина кои ги загубиле своите татковци или еден ден ќе ќе го доживеат тоа.
Поздравот до својот татко на архитектот и ,,инфлуенсер” е придружен со песна напишана од него а објавена на порталот off.net.mk
“Да ме видиш од некаде,
од таму горе, ќе забележиш дека
малку оќелавев, а низ брадата
прошарува по некое бело влакно.
Ама уште те сакам, исто како во оние
денови во кои ми велеше дека
ќе земеш влакно од твоите мустаќи
и ќе ми пресадиш мене,
за да имам и јас како твоите.
Тогаш имав 7 или 8.
И до 108, ќе ми фалиш секој еден ден,
како и во овие четири години.
Чувај не’, тато.
Вечна ти слава”
Илиевски се соочува со најмалку десетгодишна казна затвор за наводен тероризам.
Досега судот и обвинителството докажаа само дека тој протестирал и држел говори со цел да се зачува Македонија онаква за каква сонувале, се бореле и ја создале преродбениците, комитите и партизаните.
https://m.off.net.mk/bavchi/batman/za-tatko-mi-rade-ilievski




