Противникот на една од најискусните политички фигури од СДСМ Радмила Шеќеринска во петтата изборна единица е невообичаен според класичната претстава за македонската политика.
Игор Дурловски кој ја води листата на ВМРО-ДПМНЕ “петката” не е член на партија и затоа неговите ставови се неконвенционални и нетипични.
Во вчерашното издание на Заспиј ако можеш на Алфа ТВ Дурловски ниту еднаш не нападна ниту еден од своите ривали и зборува и анализира само за состојби без да се служи со лични напади и навреди.
Иако во лежерна атмосфера тој во интервјуто покажува зошто Шеќеринска ќе има сериозна причина за загриженост во петтата изборна единица односно во Битола, Охрид, Ресен и повеќе други градови и села.






