Утринава голем број влијателни медиуми објавуваат информации за различни аспекти на спорот за името и вчерашниот разговор меѓу Ципрас и Заев.
Дпоред владините брифинзи застојот во 10 дневните телефонски преговори е заради противењето на Скопје:
– на извршувањето на ЕРГА ОМНЕС
– имплементација на договорот [договориле уставните измени да се во рок од 18 месеци]
– безбедносните гаранции за правна сигурност доколку страните не го почитуваат договорот.
Дел од медиумите немаат доволно информации односно на грчката страна не е јасно кои се “гаранциите што ги обезбедиле Грците” во договорот и дали во фази на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО ќе можат да го користат ветото во ЕУ и НАТО.
Грчките медиуми блиски на Сириза, утринава јавуваат дека:
– телефонскиот разговор ќе биде пред 11.00 часот за потврда на договореното
– предвидени се сите чекори на Македонската политичка сцена и ветото од Претседателот Иванов
– доколку договорот пропадне Грција ќе реагира со двојно вето во ЕУ и НАТО
– Ципрас ќе го информира Павлопулос и политичките партии за договорот за да добие одобрение.
– до крај на неделава Заев и Ципрас ќе го потпишат договорот во Преспа.
Изворите во Грчката влада доцна синоќа јавуваат за “висока шанса” за постигнување на договор за номенклатурата и но сеуште се загрижени за “прифаќањето на erga omnes и како тоа ќе биде имплементирано во пракса”.
Добрите страни за Грција според брифинзите е дека Грција во секакво сценарио го задржува механизмот на ВЕТО.
Што добива Атина:
– сложено име со географска одредба за севкупна употреба што е национална позиција од 2008
(Најверојатно Северна Македонија кое се очекува да го одбере денеска Заев кој вчера го одбил Горна затоа што се противела Бугарија, а било поприфатливо за Атина)
– употреба на ЕРГА ОМНЕС за внатрешна и надворешна употреба со цел промена на Уставното име предизвикувајќи промена на пасошите и други документи.
– стратешкото планирање на Владата е предвидува дека договорот нема да стигне во Грчкиот парламент пред октомври што е голем простор за политичко маневрирање по завршување на целиот процес од Скопската страна.





