Иако одлуката за движење на граѓаните во регионов ја донесе пред само десетина дена Владата повторно со нов план откако 4 зњмји во регионот освен Косово не ставија на Црна листа.
Владата вечерва ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Македонија, без ПЦР тест.
На најавата на владата веднаш реагираше портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158476273775499&id=542940498
Пред две недели заменикот министер за здравство Илир Хасани на Фејсбук се пофали дека наскоро во Приштина ќе се оди на кафе без тест за Ковид-19.
https://www.expres.mk/hasani-naskoro-na-kafe-vo-prishtina-bez-pcr-test/





