Најнова анкета открива зошто СДСМ не сака предвремени избори (ФОТО)

Според последното релевантно истражување на рејтингот на партиите ВМРО-ДПМНЕ е во двојна вредност пред СДСМ.



Во истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн на прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците одговориле „да“.

Од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ.

Во групата нема да гласа или не сака да одговори се 43,4 отсто од испитаниците, а 21,5 % одговориле дека не сакаат да кажат дали ќе излезат или не на наредните избори.

Oна што е интересно за рејтингот на политичките партии на Албанците во Македонија е падот на нивната популарност. Паѓа рејтингот на ДУИ во споредба со претходните анкети, но паѓа и популарноста меѓу гласачите Албанци и на Алијанса за Албанците и на Беса. Ова води до заклучок кон општо разочарување на албанското гласачко тело од нивните политички претставници.

Според регионите, убедлива е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во источниот и во вардарскиот регион, но не и во полошкиот регион. Гласачкото тело на Левица е главно концентрирано во Скопје.

Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%). Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција,

Телефонската анкета на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од 95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион,пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.

Повеќе детали на мкд.мк