Најнов логичен предлог за ново име на Македонија (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Новинарот на Истражувачката репортерска лабораторија Горан Теменугов со свој циничен предлог за ново име на држава кој се базира врз реакцијата на власта на настаните во земјата.



За него логично е државата да се вика Република Изненадена Македонија.

,,Ние сме држава која треба да се вика: Изненадена
Изненадени сме од ставовите на Бугарија
Изненадени сме од инфлацијата
Изненадрни сме од кризите:
– ковид
– енергетска
– безбедносна
Изненадрни сме од новиот код NM наместо MKD во НАТО
Изненадени сме од штрајковите
Изненадени сме од случувањата околу Пошта
Изненадени сме од лошото судство
Изненадени сме од корупцијата
а најмногу сме
Изненадени што самите треба да си го береме гајлето и да ја водиме државава и дека тоа не е должност на Брисел или на некој друг”, пишува Теменугов во ироничниот но реален статус.