Иако од ДУИ неформално пред аферата Бехтел и Енка брифираа дека наскоро ќе се види колкава е моќта на вицепремиерот Артан Груби и колку е тој поддржан од САД тој не е дел од владината делегација што треба да се види со американскиот државен секретар Блинкен.
Во владината делегација која е во посета на Њујорк и Вашингтон се премиерот Ковачевски, вицепремиерката Славица Грковска и министерот Бујар Османи но не и првиот вицепремиер Артан Груби.
Извори во ДУИ блиски до ,,Огнената група” на Изет Меџити тврдат дека Груби сакал да биде дел од владината делегација но дека од засега необјасниви причини тој не заминал за Њујорк и Вашингтон.
Од таму им сугерираат на медиумите да проверат дали Груби има политичка или административна пречка да замине во САД.
Кругови во ДУИ блиски на Груби велат дека првиот вицепремиер деновиве имал неодложни обврски но тој според неговите социјални профили нема никаква активност што е итна.
Во последниве два месеци Груби е предмет на десетина обвинувања за корупција од кои најголема е аферата Бехтел и Енка каде тој е владин координатор.






