Според листата на ЦИА, на која се споредуваат 229 земји во светот и поединечно по континенти, според овогодинешната анализа, Србија е убедливо на прво место по стапка на смртност. Имено, во Србија коефициент е 16,39 смртни случаи на 1.000 жители годишно, објави „Данас“.



Тој коефициент, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители во средината на годината.

На првите десет места Србија ја следат Романија, Литванија, Летонија, потоа Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.

Земјите од поранешните југословенски републики Хрватска е на 10 место, Словенија на 28, Црна Гора на 30, Босна и Херцеговина на 32, а Македонија на 42 место на листата.

Експерти и еколошките здруженија ги поврзаа овие поразителни бројки со високото загадување на воздухот, водата и земјиштето.

Здружението на граѓани „Екостраж“ , кое ги објави овие податоци, забележува дека Србија има и највисока стапка на новодијагностицирани деца со некој вид на рак.

Загадувањето на воздухот е одговорно за смртта на речиси еден милион деца помлади од пет години секоја година во светот.

Според податоците на СЗО, загадениот воздух е причина за 25 проценти или 2,4 милиони од сите смртни случаи од срцеви заболувања во светот, како и 24 проценти (1,4 милиони) од сите смртни случаи предизвикани од мозочен удар, а потоа 43 проценти (1 .8 милиони) од сите смртни случаи од белодробни заболувања и рак на белите дробови.