Pред еден месец во болница било примено бебе старо две недели во исклучително тешка здравствена состојба, но не поради коронавирусот, туку поради компликации што ги добило по обрежување, дознава Канал 5.
По првата помош што му била дадена на детска хирургија, детето било примено на Клиниката за детски болести. Откако се стабилизирало, заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба.





