Најмалку пет лица загинаа во силно невреме во Канада, 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.



Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.

За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.