Најмалку девет лица загинаа во пожар во старечки дом во Бугарија

Најмалку девет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во селото Ројак, во регионот на Варна, јави БГНЕС.



Пожарот избувнал нешто пред 18 часот вечерва. На местото на настанот биле испратени 6 противпожарни и спасувачки екипи.

Постарите лица кои живееле во домот се евакуирани. Во домот живееле 58 луѓе.

Според првичните податоци пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и го зафатил третиот кат.