Најмалку 7 загинати и 90 повредени во руски ракетен напад во Чернихив

epa10806990 A handout photo made available by the State Emergency Service of Ukraine shows rescuers working at the area where a missile hit the Drama Theatre downtown of Cernihiv, Ukraine, 19 August 2023, amid the Russian invasion. According to the State Emergency Service, at least five people died and 42 were injured. Russian troops entered Ukrainian territory in February 2022, starting a conflict that has provoked destruction and a humanitarian crisis. EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Најмалку седум лица меѓу кои и едно шест годишно дете, загинаа, а 90 се повредени во руски ракетен напад на централниот плоштад во северниот украински град Чернихив, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Нападот се случил додека луѓето оделе во црква, соопшти Министерството.



Руската ракета директно го погоди центарот на градот, во нашиот Чернихив. Таму се плоштадот, Политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба, пишува на Телеграм украинскиот претседател Зеленски.

Во краткото видео што ја придружува најавата на Зеленски може да се видат остатоци расфрлани низ плоштадот пред регионалниот драмски театар. Во видеото, исто така, може да се видат урнатините околу големата станбена зграда во советски стил, со автомобили паркирани наоколу и делумно уништени, со оштетени покриви и прозорци.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави ново видео за кое тврди дека го прикажува моментот на ракетен напад врз центарот на Чернихив.

На жителите на Чернихив, во северна Украина, им било кажано да останат во засолништа откако градот бил под руски напад.

„Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив. Веројатно балистичка ракета. Останете во засолништата. Деталите ќе бидат објавени подоцна“,

рече регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграм.
ФОТО: EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE

Чернихив е град со зелени булевари и вековни цркви и се наоѓа на околу 145 километри северно од главниот град Киев.

Русија ги напаѓа украинските градови далеку од линијата на фронтот со проектили и дронови како дел од инвазијата што ја започна во февруари минатата година. Воздухопловните сили на Киев рано во саботата соопштија дека украинската војска соборила 15 од 17 беспилотни летала „шахед“ од иранско производство, лансирани од Москва во ноќен напад.