Вооружени лица нападнаа католичка црква во југозападна Нигерија за време на миса во неделата, при што убија најмалку 50 луѓе, вклучувајќи жени и деца.



Вооружените напаѓачи пукаа во луѓе надвор и внатре во црквата, убивајќи и повредија верници, рече портпаролот на полицијата..

Нема прецизни податоци колку луѓе се убиени или повредени во католичката црква Свети Францис во градот Ово.

Епископот и свештениците од парохијата го преживеале нападот неповредени.

Гувернерот на државата Ондо, го опиша инцидентот во неделата како „голем масакр“ што не треба да се дозволи да се повтори.

Претседателот Мухамаду Бухари го осуди нападот, нарекувајќи го „гнасен“, а Ватикан соопшти дека папата Франциско се моли за жртвите .

Нигерија се бори со исламистичкиот бунт на североистокот и со вооружените банди кои вршат напади и киднапирања , главно на северозапад.

На југозапад на земјата, нападите како овој се ретки.