Најмалку 25 загинати во украински напад врз градот Доњецк

НАЈМАЛКУ 25 МРТВИ ВО УКРАИНСКО ГРАНАТИРАЊЕ НА ГРАДОТ ДОЊЕЦК, ОБЈАВИЈА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ



Најмалку 25 луѓе се убиени, а 20 ранети во украинско гранатирање на градот Доњецк, кој е под контрола на Русија, изјави регионалниот гувернер Денис Пушилин, кој е назначен од Москва. Според градоначалникот Алексеј Кулемзин, украинските сили гранатирале прометна област каде што се сместени продавници и пазар.

Пушилин кажа дека Украинците го нападнале градот со артилерија, додавајќи дека дополнително ќе се испита какви оружја биле користени. Киев засега не го коментираше нападот.

На фотографиите и видеоснимките што ги објави агенцијата „Ројтерс“ се гледаат тела како лежат покрај еден од пазарите во градот.

Доњецк е еден од четирите региони кои Русија ги анектираше во 2022, иако нема целосна контрола врз него.