Најмалку 10 убиени и 15 повредени од двајца напаѓачи со ножеви во Канада

Двајца мажи убија со нож најмалку 10 лица, а 15 повредија на 13 локации во Канада, по што напаѓачите успеале да избегаат и полицијата сè уште трага по нив.



Нападите се извршени во руралната област Саскачеван, соопшти полицијата, предупредувајќи ги граѓаните дека убијците на слобода се опасни и вооружени.

„Бидејќи осомничените се на слобода, ние побаравме тревогата да се прошири на Манитоба и Алберта“, додадоа полициски претставници на прес-конференција. „Веруваме дека некои од жртвите биле цел, а други биле нападнати по случаен избор“.

Се вели дека напаѓачите, идентификувани како Дамјен и Мајлс Сандерсон, имаат црна коса и кафени очи и оти возат црн „нисан“.