Откако вицепремиерот Груби му влезе во ресорот и ги води сите големи (и заглавени) патни инфраструктурни проекти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски нема со што да се пофали во јавноста.
Според пратеникот Игор Здравковски сепак Бочварски има јак проект со кои може да асе гордее. Тоа е сообраќаен знак на автопатот Скопје – Гевгелија.
,,Најјакиот проект на Бочварски – Знак помеѓу Д.Капија и Неготино дека во наредните 4000м има дупки на патот и ограничување на брзина 80км/ч. Толку…
Абре телиња земете напрајте го тоа патот, таму има 3 патарини 60+100+80=240ден од Гевгелија до Градско…
Торлаци неспособни!”, пишува Здравковски малку на шега малку сериозно.
Премиерот Ковачевски во скапо платените видеа тврди дека оваа влада направила 1300 километри патишта. Не прецизира дали меѓу нив се и овие 400 метри дупки.
Или тие ќе бидат во ново видео на премиерот меѓу успесите на здравството наведени меѓу мерките за вадење камен од бубрег.






