Најискрена анализа на дебата за градоначалник на Скопје (ВИДЕО)

Популарниот твитерџија Виктор Стевич објавува анализа на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје на Алсат М со која (не) се согласуваат многумина:



Ја гледав дебатата за градоначалник на Скопје, ова е моја најискрена и колку што може најобјективно ревју. Ќе почнам со кандидатите како што беа седнати на дебатата.

1. Бени – Почна многу убаво, со обраќање на албански јазик кон гласачите, тоа е предност што тој ја има врз другите кандидати (претпоставувајки дека само тој зборува албански). На целата дебата беше доста наострен на Шилегов и премногу време потроши за да ни докаже дека Шилегов е лажов.

Го прашуваше за: планови, за универзална сала….како да му беше мисијата да ни покаже на нас граѓаните нешто што веќе го знаеме.

Да, Шилегов е безкорисен, мрзлив, а по некој психолошки профил, тие луѓе се и криминогени. Бени не ги кажа во целост неговите планови.

2. Данела Арсовска – Беше добра, кажа неколку планови, ја понесе сеопштата анти-Шилегов атмосфера во студиото, непотребно се “зајаде” со Ана Петровска која беше најкореткна во студиото, за да после и се извини со едно: “се согласувам со Петровска”.

3. Александар Тортевски – Сите визии и добри планови што ги слушнав на таа дебата беа од Торте и времето одлично го искористи за да ги престави неговите планови, а воедно и да упати критики кон досегашниот безкорисен градоначалник, според мене беше најдобар на дебатата.

Сега јас тоа го зборам од навијачка страна и пробувам да бидам најобјективен што можам и веројатно многу од вас ја доживеале различно дебатата, но ова е мое мислење, а како што кажав: пробувам да бидам најобјективен што можам.

4. Петре Шилегов – почна вообразено и самоуверено, за после 5 минути да види колку е саат и дека тој не е отиден во сдсм штаб во Муртино, туку овие луѓе му ја знаат неспособноста, му ги памтат нереализираните ветувања и дека не се ни срамат ни плашат да му ги кажат.

После иницијалните 5 мин, гласот му трепереше, очите насолзени и едвај чекаше да заврши емисијата. Буквално ништо не кажа освен тоа што сме го слушнале, а му извадија и надимак на сред емисија: “Ќе градоначалник”. Навистина ќе биде штета на ваков човек да му дадете 4 год.

5. Ана Петровска – според мене најкоректна во целата дебата, иако и она го “зајаде” Шилегов за неколку работи и еднаш се закара со Данела, сепак од сите беше најкоректна, но некако нејзините планови беа плитки и мене лично не ми се свиѓаа.

6. Перо Камиказа – Перо беше ок, сепак треба да поработи малку на дикцијата (а глумец и музичар). Плановите не му беа лоши, иако секој негов план беше претходно кажан од друг, па тој во целата политичка наивност, како и Бени, можеа да кажат само: “се согласувам со xxx”

Иначе и Перо Камиказа му се “нареди” на Шилегов во таа ноќ на дебатата која требаше да ја крстат: “Швркни му го на некадарниот”.

Виктор Стевич е симпатизер на Твоја од каде доаѓа и кандидатот Тортевски.

Целата дебата