Мала анализа на вчерашните слики и видео што ги објави вицепремиерот Артан Груби покажува дека од прикажаните министри кои запотени во белите кошули играат фудбал и кошарка ниту еден нема со што да се пофали во политиката.
Оваа анализа ја дава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во емисијата Заспиј ако можеш каде меѓу другото се зборуваше за неколку скандали во кои е инволвиран вицепремиерот Груби, инаку организатор и домаќин на спортскиот настан во министерството каде дава огромни пари на хонорарци за кои не нуди отчет.
Кои се ,,успесите” на лажните спортисти од ДУИ според Митева:
Бесими предизвика 18 милиони штета со последното издавање на еврообврзница.
Нуредини од екологија ги забрани најлонски ќеси со рачка кои ги наплаќа по 15 денари а ќеси без рачка слободно се користат во трговијата. Скопје, Тетово и други градови редовно се најзагадени во светот.
Груби е инволвиран во 4 големи корупциски скандали од кои последниот со надзор на проектот Коридор 8 и 10Д со Бехтел и Енка вреди 22 милиони евра за што Митева дава шокантни податоци за прекршени процедури.
Министерот за образование Јетон Шаќири не може да обезбеди учебници за децата цела година а потроши половина милион евра за скрипти.
Единствен министер во чие време немало леб во дуќаните е Бектеши одговорен за економија во владата.
Министерот за надворешни работи е единствен шеф на дипломатија кој освен што се занимава со ЕУ, НАТО и меѓународни проблеми се занимава со внатрепартиските пресметки во својата партија во Чаир.
Зошто министрите на ДУИ како сите нормални луѓе не отишле да спортуваат после работа на спортски терен облечени во спортска опрема туку играле во министерство и потоа така запотени останале да работат засега не е јасно.
Тоа што на сликата има само мажи и само министри од ДУИ а пораката е дека се обединети јасно говори какво е нивото на обединетост меѓу ДУИ, СДСМ и Алијанса во владата.






