Најголеми загуби на струја има во Скопје, велат од „ЕВН“ – граѓаните кои се сомневаат можат да пријават

Не е точно дека загубите на електрична енергија во мрежата се поврзани со етничката припадност на населението. Липково ќе биде прва општина во земјава целосно покриена со смарт броила за електрична енергија и со загуби од десет проценти, а Скопје е регион со највисоки загуби од дваесет проценти, изјави менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.



Директорот Селами ги повика сите граѓани кои имаат сомнежи за точноста на електричните мерила, слободно да се обратат до Бирото за метрологија која ке ги провери повторно броилата со што ќе се отфрлат сомнежите кои се однесуваат на трошењето на електричната енергија.

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами и со менаџментот на ЕВН Македонија направија увид на лабараторијата на ЕВН каде што се врши испитување и верификација на електрични броила.

“Бирото за метрологија освен реформите во работењето кои го воведува преку носење на нови правилници, веќе при крај подготовката со целосно новиот Закон за метрологија каде што целосно ќе биде транспонирана и хармоноизирана европската регулатива, со што ќе се зголеми квалитетот на инспекции и акредитации кои се во надлежност на Бирото“ кажа министерот Бектеши. Министерот додаде дека освен нови апарати и инструменти Бирото ќе има обврска да прави контроли за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, за да не бидат во заблуда во одредени моменти.