Лабораторијата имала капацитет за призводство на 150 до 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра.

Најмалку 17 лица – 3 колумбиски државјани, тројца Холанѓани и еден Турчин по полициска раација во поранешна школа за јавање коњи во градот Нивен, Холандија, каде била откриена најголема лабораторија за производство на кокаин.



Сопственикот на некогашното училиште за јавање бил еден од уапсените холандски државјани, објави  „Гардијан“.

При рацијата биле пронајдени десетици илјади литри хемикалии и 100 килограми кокаин.

Лабораторијата имала капацитет за призводство на 150 до 200 килограми кокаин на ден, чија улична вредност е меѓу 4,5 и осум милиони евра.

„Ова е најголемата лабораторија досега пронајдена во Холандија“. изјави полициски портпарол.