Секое одлагање на нашиот старт на преговорите само го доведува кредибилитетот на Унијата во прашање, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА.



Премиерот истакнува дека со неодобрувањето на преговарачката рамка, Македонија ќе изгуби драгоцено време, но најголем губитник е Европската Унија.

„Ова е удар врз темелите на кои е изградена Унијата. Ние ќе бидеме максимално активни по ова прашање. Ќе се бориме затоа што нашите деца очекуваат да победиме во битките на 21 век, да бидат во ЕУ и да бидат сигурни и стабилни како што се сега во НАТО.

Нема да дозволиме со некои кулоари и крчми повторно да ни ја крчмат татковината.

Не, денеска таа е заштитена од НАТО и конечно оваа држава има имотен лист. Таа битка ја водам затоа што тоа е наша, заедничка битка за која се едногласни сите граѓани на нашата земја, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и сите останати“, вели премиерот Зоран Заев.