Градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери од Вашингтон и за време на неговата посета на САД порача дека  најдобро решение за Прешевската долина е спојување со Косово.



„Се разбира, тоа е најдобро решение , но ние сме се уште аутсајдер кој не смее да се меша во ставовите на Косоварите, бидејќи не можеме да влијаеме на Косово“, рече градоначалникот на Бујановац и лидер на Партијата за демократски дејствување кој гостувал во емисија на „Глас на Америка“, пренесе приштински „Зери“.

Во делегацијата на политичките претставници на Албанците од јужна Србија во посета на САД се и Ардита Синани, заменик-претседател на ПДД , и Рагми Мустафа, претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА) и поранешен градоначалник на Прешево.

„Албанците во Прешево, Бујановац и Медвеѓа, несомнено со радост би прифатиле интеграција во рамките на државата Косово”, рече Мустафа во истата програма.

Политичките претставници на Албанците истакнуваат и дека поради повреда на правата на Албанците во Србија, единствена алтернатива за нив останува обединување со Косово, пишува „Зери“.