Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во Брисел учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.
Темите на средбата на министрите за одбрана на алијансата се подготовки за НАТО Самитот во Вилнус, Литванија, зацврстување на концептот на Алијансата за одбрана и одвраќање и вложување во одбраната со 2% од БДП.
Министерката за одбрана Петровска која важи за најдобро облечен член на владата во Скопје во Брисел пристигна со нов фустан во боја на циклама.
Во седиштето на НАТО Петровска беше пречекана од македонскиот амбасадор во алијансата Дане Талевски.

По стапување на функцијата министер за одбрана Петровска многу внимава на начинот на кој се облекува и таа за кратко време стана модна икона на владата на СДСМ и ДУИ.
Петровска досега не објавила каде ги набавува парчињата облека кои се дел од високата мода.






