Најдобриот од сите си оди и кога победува: Реакции по ,,конечното” заминување на Заев

Низа реакции во јавноста по најавата дека Заев заминува од претседател на СДСМ кои во времето на комунизмот можеа да се сместат во рубриката “Одјеци и реаговања”.



Некогаш лидерите ги испраќаа со страв, загриженост и сериозност. Во случајот со Заев коментарите се полни со иронија, презир, мајтап.

Дел од коментарите:

Јас не можам да сфатам зошто после победа на избори СДСМ ќе бираат нов претседател…

И мислам дека е прав момент портпаролката на СДСМ да побара оставка од Мицкоски затоа што СДСМ мора да бираат нов претседател…

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит

Каков заплет! Каква драмолетка! Што ако ЦО не го послуша ИО?

Другарче бе! Сиба мајката сидрото, а? Ај спиј сега мирно, викендов ќе те испратам ко што е ред.

Најјак говор на Извршниот одбор имал Оливер. Она за врзивното ткиво…

Ја мислам Наќе е крив…

Бранко Героски

Да сум член на ЦО или дел од раководството на СДСМ локално, а и централно, ќе речам:

Заев не може да замине затоа што пропаѓа еден цел свет. Свет на пријателство, добрина и толеранција.

Заев е многу повеќе од техничко-управни одбори и статути. Заев направи цел еден свет на луѓе, енергии и добри политики.

Ако Заев ја остави оваа земја, тоа значи дека ќе ја преземат оние кои најмногу ја мразат.

Немојте после не знаевме, никој не ни кажа. Ете, кажувам. Сега, овде и денес.

Државата ќе ја преземат најлошите од нас. А тој луксуз не смееме да си го дозволиме.

Во политика сум “в натре” од 2008 година. В натре во казанот сум од 2008 активно.

Се’ видов, сите ги видов. Културни, импресивни, граѓански, фасцинантни, крути, авторитарни, питоми, тврди, забегани, фрустрирани, откачени, манијакални…

Нема човек како Зоран Заев.

Ненад Јовановиќ, аналитичар

Бонус твитот на новинарот Цветин Чилиманов