Најдени телата на тројцата изчезнати во реката Лепенец

Телата на трите лица се пронајдени во автомобилот БМВ, кое попладнево е извлечено од Лепенец. Се работи за родители и нивниот 16 годишен син, кои по вчерашната сообраќајната несреќа излетаа од патот и падна во реката Лепенец. Дека во автомобилот се најдени трите тела, на новинарските екипи им покажа со 3 прсти и еден од спасувачите кога излезе од реката.



По сообраќајката кај Блаце, во која БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, БМВ-то пропаднало во Лепенец, а во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 годинини. Постариот син на 21- годишна возраст се спасил и е пренесен во болницата „8 Септември“, додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдениот Лепенец.

Сообраќајната несреќа се случила вчера после 15 часот, а според информациите од обвинителството, до неа дошло откако скопјанец со „фолгскваген туран“ тргнал да претекнува колона од возила од Скопје кон Блаце.

„Во моментот кога стигнал паралелно до автомобилот БМВ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворицата патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, велат од Обвинителството.