Најцрн ден со Ковид-19 во Македонија: 24 починати, 6 од Струмица, 913 заразени!

Рекордни 24 смртни случаи, покрај уште 913 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19, е билансот од последното деноноќие во Македонија.



Дури шестмина од починатите се од Струмица, на возраст од
75, 64, 75, 60, 37 и 61 години, четворица се од Прилеп (70, 61, 79 и 45), по тројца од Велес (82, 78 и 82) и од Охрид (67, 64 и 68), по двајца од
Скопје (77 и 67), од Битола (80 и 62) и од Гостивар (66 и 68) и по еден од
Куманово (59) и од Пробиштип (69).

Речиси половина од новозаразените од направените 2.731 тест се од Скопје (459), следуваат Велес (79), Прилеп (78), Тетово (44), Охрид (37), Битола (33) итн.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на заразени со коронавирус во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати 1.049, а на активни случаи 11.194.