„Ковачевски ги обединува партиите на етничките Албанци во Македонија затоа што на раководни позиции нема доволно етнички Албанци?



Или да бидат покомпактни?

Или затоа што се тие предводници во демократскиот развој?

Или тие се помалку корумпирани од партиите на етничките Македонци?

Или тоа е единствен начин да остане на власт?

Или Ковачевски е спремен да ги жртвува владеењето на правото (она малку кое уште се обидува да преживее), и професионалноста во државниот апарат (оној последен ангстрем кој преостанал), и независноста на судството (онаа последен остаток случајно заборавен), само да добие потребно мнозинство во Собранието?

Во моментов има апсолутна неказнивост на етничките Албанци кои биле или се во власта или се блиски на партискиот врв на партиите на етничките Албанци.

Не можам да замислм поголема слобода за криминал од оваа која во моментов ја имаат челниците на партиите на етничките Албанци.

Можеби само имам слаба фантазија“.

Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска