А, наместо албански јазик да внесеме англиски јазик, па да си има еден национален јазик – македонски, еден интернационален јазик – англиски и сите други јазици да се регулираат согласно Повелбата за регионални и малцински јазици?
Ова е реакција на професорката Мирјана Најчевска на изјавата на новиот министер за поравда Кренар Лога со отварањето на Уставот за „впишување“ на Бугарите да се направат и други уставни измени, меѓу нив е формулацијата јазик што го зборуваат 20 отсто од населението, да се замени со формулацијата – албански јазик.
„Предлогот на актуелниот министер за правда го разбирам како уште еден обид за разгорување на нетрпение и омраза врз етничка основа.Во време кога е загрозен идентитетот на Македонците од соседна Бугарија, кога се негира историјата на Македонците и кога се бараат отстапки кои повеќе личат на капитулација во форма на ултиматум отколку на компромис, еден ваков предлог може да биде насочен само кон долевање масло на оган.
Ама најверојатно тоа е и целта со оглед на поделбите во ДУИ.
Мора да се најде заеднички обединувачки фактор. А кој е подобар од национализмот подигнат на ента степен.
Не, бре Лога.
Ајде да одиме со граѓански Устав а правата на етничките заедници да станат дел од приватната сфера“.






