Директно, или за пропуст, или за голема небрежност, или … некој е виновен, реагира професорката Мирјана Најчевска ба Фејсбук во врска со синоќешниот трагичен пожар во тетовска болница во која загинаа десет пациенти.
„Она што мора да се направи е:
– сериозна истрага- резултати од истрагата
– фактичка состојба, објективни и субјективни причини, обвиненија
– судски процедури
– осудени виновници
– утврдување на поширока одговорност (политичка, морална)
– утврдување процедури кои ќе ја минимизираат можноста за вакви трагедии во иднина“, пишува Најчевска на Фејсбук.






