
Професорката Најчевска револтирано напиша на Фејсбук дека митинзите, штрајковите и сите протести против претходната владдејачка гарнитура во која беа во коалиција ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, се џабе, оти и сегашната владејачка коалиција СДСМ-ДУИ кои веќе шест години се на власт не постигна ништо подобро.
Туку напротив и сегашните функционери се поврзани со разни криминални истраги.
– Ова си играат мајтап со нас?
Па зошто акавме по улици?
Зошто се деревме по митинзи?
Зошто баравме да бидат симнати од власт?
За вие после 6 години на власт да не просветлите?
Ма сиктер бре багро криминална, само дигате прашина за да го покриете сопствениот задник – напиша Најчевска на Фејсбук.





