Професорката Мирјана Најчевска ја прокоментира вчерашната писмена опомена од Владата за министерот за правда Тупенчески кој, откако прво негираше, на крајот призна дека добил гратис превоз во чартер летот на македонската репрезентација во Палермо и гратис билет за натпреварот.
„Ахахахахаха.
Писмена опомена.Ахахахаха.
А лепенче со пчеличка на рачето му ставиле?
Мислам да не се расплаче. Гонете се бре.
Која бре верба во власта ја очекувате?Не разбирате дека од главата смрди и од главата треба да почне да владее правото“, напиша Најчевска на Фејсбук.







