Најчевска за марката „За луѓе се работи“: Посоодветен наслов за претседавањето на ДУИ со ОБСЕ би бил „За мафија се работи“

Професорката Мирјана Најчевска реагира за поштенската марка посветена на македонското претседавање со ОБСЕ со слоганот „За луѓе се работи“ (It’s about people).



„Го згрешиле само насловот на марката. It’s about mafia. Тоа би било многу посоодветен белег на претседавањето на ДУИ со ОБСЕ (Македонија не беше вмешана во ова претседавање на никаков начин)“, коментира Најчевска на Твитер, очигледно мислејќи на министерот за надворешни работи и интегративец Бујар Османи како годинашен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа и за астрономските суми за организацијата на самитот во Скопје што ќе се одржи на крајот од ноември.