Професорката Миркјана Најчевска (не) е зачудена од ставот на политичките партии, функционери и судии кои се оградуват од коруптивни дејства и – имајки го тоа предвид – заклучува кој е виновен за корупцијата во Македонија за која загриженост веќе подолг период изразуваат и странски амбасадори…
„ДУИ како арслан се бори против корупцијата и за европски вредности. Изгинаа на браникот на демократијата и валдеењето на правото.
Премиерот и министрите на СДСМ чисти како солзи деноноќно работат за граѓаните. Сон на очи не им доаѓа.
Судиите и јавните обвинители сите до еден борци за човекови права.
ВМРО нема дамка на својата совест како партија која се докажала во борбата со криминалот и непотизмот и неказнивоста на високи функционери во власта.
Добро кој е тој кој ни ја прави државата топ корумпирана?- прашува Најчевска.
„Пак ќе да е онаа Перса хигиеничарката. Многу е корумпирана бре. Сите ја знаеме.
Цела ЕУ не може да и дојде до ак’, вели Најчевска во објава на Фејсбук.




