Професорката Мирјана Најчевска реагира на неверојатната брзина и леснотија со која ДИК вчера за само три часа одби над 2.000 приговори од партиите за изборните резултати но и за нерегуларности во изборниот ден:



„Македонија е земја на волшепства. Прво се појави волшебникот Апасиев со 1. 900 приговори направени на чудесен начин, а сега и пророкот Кондарко, кој однапред знае што има во приговорите без да ги погледне и прочита“, пишува на Фејсбук Мирјана Најчевска, лидер на партијата ТВОЈА која на последните избори не успеа да освои пратенички мандат.

Најчевска го цитира Борис Кондарко, членот на ДИК кој вчера, откако беа одбиени сите приговори за изборите кои стасаа до Комсиијата, рече дека ДИК не е шалтер за игубено – најдено.

„Приговорните се целосно паушални и неосновани. Ова важи и за претходно и отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме. Сите имаат исти наводи и основи“, изјавил Кондарко, а го цитира Најчевска.

Таа додава:

„Живееме во бајка или во сонот на некој многу издрогиран човек“, вели Најчевска.