Најчевска: Владата не го смета земјоделието за работа

Професорката Мирјана Најчевска со критика до Владата за односот кон земјоделството и луѓето кои се занимаваат со таа дејност.
„Доколку се исфрли од писанието на Владата целокупната магла, блабаблабла таласање и огромното количество боја за мачкање очи останува дека Владата:
– не го смета бавењето со земјоделие за работа
– смета дека земјоделците се посебна каста која треба да биде држена на око затоа што сакаат да земаат она што не им припаѓа
– жените земјоделки не се дел од членот од Уставот кој зборува за заштита на мајчинството
– доколку земјоделците бидат третирани како работници ќе се урниса целокупниот систем“, консатира Најчевска.