Најчевска: Ве молам престанете да ја жалите Јанкуловска!


Еве и Пендаровски ни соопшти дека била осудена неправедно зради мерцедес кој сите го користат, пишува професорката Мирјана Најчевска една од поистакнатите личности во ТКН „Шарена ревоилуција“ по реакциите на интервјуто на екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска која одлежува 4 годишна казна за случајот „тенк“ и која, од 1 ноември може да добие условна слобода за делото во кое главнообвинет е експремиерот Никола Груевски.



„Мерцедесот беше единственото нешто за кое успеаа да обезбедат докази.
А жената беше министер за внатрешни работи во време на режим кој имаше 12 од 14 карактеристики на фашизмот.

Таа ја раководеше најмоќната структура во државата која обезбедуваше владеење на неправото, заштита на криминалот, злоупотреба на системот од страна на високи функционери во власта, закани, убиства, рекет, тортура…

Не може да има криминална држава без злоупотреба на ова министерство.
Јанкуловска и Мијалков беа двоцот кој стоеше на браникот на режимот.

Тоа се луѓе кои ги имаат сите информации, кои можат да прикриваат или да прогонуваат, да манипулираат и да ја употребат единствената структура со право на легална употреба на сила и на огнена моќ внатре во државата.

Не е во прашање мерцедесот туку стравовладеењето“, вели Најчевска.