Најчевска: Тргнете ги партиските војници од Судскиот совет

„Поголема банда од судиите членови на Судскиот совет нема“, реагира професорката Мирјана Најчевска по, како што го оценија некои медиуми, своевидниот пуч со кој беше разрешена претседателката на Советот, Весна Дамева.



„Тоа се партиски војници назначени на овие функции единствено со цел да го штитат криминалот на партиските челници.

Дајте бре луѓе да се тргнат сите судии и јавни обвинители, а прво овие од Советот“, објави на Фејсбук Најчевска.