Професорката Мирјана Најчевска смета дека Македонија во моментот е притисната „во ќош“ поради низа грешки во чекори на гарнитурите на власт во изминатите триесет години, а дека првата била направена во 1992 година…



„Кога ќе се заглавиш самиот себе во ќош многу е тешко да се извлечеш.

Македонија почна да се заглавува во 1992 година и денес е конечно во ќош од кој многу тешко ќе се извлече.Доколку имавме раководство со минимум визија ќе го променевме името во 1992 година наместо да влегуваме во ООН под идиотската формулација на Поранешна Југословенска Република Македонија.

Во моментот кога се решаваше за судбината на Македонија, немаше расправи, дискусии, консултации.Немаше експертски анализи, процени и размена на мислења.Едноставно тројца луѓе седнаа и ни ја скроија судбината која денес ја живееме.

Во продолжение ја пренесуваме целата објава на Фејсбук: