„Кога јас и мои колеги ги кажуваме истите овие работи, никој не нѐ сака. Но, ако го каже тоа некој од страна, тогаш добива големо значење.“ – истакнува универзитетската професорка Мирјана Најчевска во објавата на својот фејсбук-профил, реагирајќи на изјавата на амбасадорот на ЕУ во Македонија Ричар Гир во врска со наодите и препораките на Оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет.
Во овој контекст Гир посочи: „Судскиот систем е дојден до критична точка. Извештајот на Оценската мисија на ЕУ е солиден и има добри и силни препораки. Но, ако нема политичка волја за нивно спроведување, тогаш се безвредни. Од 40 препораки 17 можат да се спроведат веднаш. Очекувам дел од нив да се спроведат веднаш во рамки на Судскиот совет. Очекувам ова да ѝ биде приоритет на новата Влада. Ние сме подготвени да помогнеме во нивното спроведување.“
Најчевска дополнува во својата реакција кон изјавата на евроамбасадорот Гир: Сѐ додека функционери во власта се најглупавите и најкорумпираните може да бидеме само држава за потсмев. Ништо друго.





