Најчевска со упатство за разрешување функционери

Професорката Мирјана Најчевска смета дека борбата со корупцијата треба да започне од високите и пониските ешалони на власта.



„Треба да биде разрешен секој функционер кој ќе:

– прекрши сообраќајно правило

– земе пет денари од општетсвените пари

– запосли или внесе во управен одбор член на семејство

– член на семејство отвори бизнис или добие тендер

– магистрира или докторира или објави книга

– го дуплира имотот додека е на функција

– патува повеќе од два пати месечно надвор од државата

– добие стипендија за студирање на дете

– потроши повеќе од половина од парите за репрезентација

– патува со личен фотограф

– купи два стана

– не користи јавен превоз секогаш кога е тоа возможно.

Откако ќе биде разрешен може да се поведе постапка и да се води постапка.

Така почнува борбата со корупцијата во високите и пониските ешалони на власта.

Под функционер се подразбира секој именуван или избран претставник на било која од трите власти на локално или централно ниво, објави на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска