За професорката Мирјана Најчевска џган, кретенчиња, багра биле учесниците на вчерашниот протест пред Собранието на Македонија на кој, меѓу другото, се бараше власта да се откаже од намерата за промена на Уставот и на името на државата.
„ Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.
Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.
Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.
И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“, напиша Најчевска на нејзиниот Фејсбук профил.





