Професорката Мирјана Најчевска реагира на повиците во јавноста за изрекување смртна казна за сторителите на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска, за што е покрената и петиција на која досега се потпишале над 15.000 лица.
Се бара смрна казна за убијците на Вања
Во Македонија смртна казна не постои, а Најчевска наведува неколку причини таква казна не смее да има:
1. Затоа што секогаш постои можност од грешка и во тој случај казната станува убиство.
2. Затоа што за различни групи луѓе има различни нешта заради кои би требало да се изрече смртна казна (за некого смртна казна треба да се изрече за сексуална ориентација, навреда на верата, навреда на власта, предавство, …).
3. Затоа што државата има легално право за употреба на сила и смртната казна би ја направило државата колективен убиец.
4. Затоа што државата со леснотија може да ја злоупотреби за заплашување и отстранување на секој противник на власта.
5. Затоа што податоците покажуваат дека државите во кои се применува немаат помалку туку повеќе насилство и убиства, вели Најчевска.






