Професорката Мирјана Најчевска тврди дека Меѓународната заедница ги препознава актите на агресија на Русија врз Украина, но не ги препознава актите на агресија на Бугарија врз Македонија:
Сличности
– И двата агресори не го признаваат посебниот идентитет на земјата жртва
– Не го признаваат јазикот
– Тврдат дека се братски народи со жртвата на агресијата
– Тврдат дека ги ослободувале и ослободуваат
– Тврдат дека се вештачка творба
– Оспоруваат историски факти
– Обвинуваат дека се под нечие надворешно влијание
– Им оневозможуваат влез во одредена меѓудржавна структура
2. Разлики
– Бугарија во моментов нема навлезено со воена сила во Македонија (се уште, по последното повлекување во 1944 година)
– Меѓународната заедница (вклучувајќи ја и ЕУ) ги препознава актите на агресија на Русија и пред употребата на воена сила, а не ги препознава актите на агресија на Бугарија, објави Најчевска на Фејсбук.







