Професорката Мирјана Најчевска реагира изјавата на екс-премиерот на Бугарија и лидер на партијата ГЕРБ, кој гледал дека „имало обиди за враќање на руското влијание во Македонија“.
Борисов: Претепувањето на Бугарин во Охрид оди во корист на Путин
„Ма, на овој нешто ептен му се помешало во главата.
Бугарите беа под капата на СССР, а Македонија беше дел од СФРЈ која му кажа НЕ на Советскиот Сојуз.
И денес како членка на ЕУ Бугарија е се уште вазал на Русија, а Македонија не.
Ова станува смешно“, вели Најчевска.
Во уште една објава на Фејсбук професорката дополнува:
Бугарија беше дел од фашистичката алијанса – не Македонија.
Бугарија беше дел од Варшавскиот договор – не ние.
Бугарија имала и има територијални претензии кон Македонија, а не обратно.
Бугарија не ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права, а Македонија ги почитува…“






