Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски според кој новинарите не требале да го прашуваат струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и за внуците на Али Ахмети, и на кои им порача дека требало да го прашуваат само за – неговите внуци.
Ковачевски пак се изнервира, не сака новинарите да го прашуваат за внуците на Ахмети
„Граѓаните те прашуваат како премиер за корупцијата направена од страна на министри и функционери кои се одговорни пред тебе“ – му одговара Најчевска на Ковачевски.
„Те прашуваат како премиер кој наводно отвори војна на корупцијата и како премиер кој е задолжен да спроведува одредена политика која треба државата да ја внесе во ЕУ.
Ич не ни е гајле за твоите внуци освен ако не се дел од коруптивнат мрежа создадена и заштитена од власта.
Дај престни да тресеш зелени и однесувј се како премиер ако воопшто имаш интелектуален капацитет да разбереш што е тоа или тргни се од функцијата од која правиш непоправлива штета на државата.
СДСМ како една од најголемите партии треба да се засрами премиер од нивните редови да биде овој лик“, пишува меѓу другото Најчевска на Фејсбук







